CEO-то на Microsoft Сатја Надела препорачува 7 книги кои биле клучни во формирањето на неговото размислување, но влијаеле и на работата на самата компанија. Упатените ќе знаат дека откако беше именуван за CEO на компанијата, се случи вистински „пресврт“, а по се изгледа, еден од најуспешните луѓе во моментот својата инспирација ја црпи од книгите.

А еве што тој препорачува од литература, на различни теми и од различни сфери:

„The Great Transformation, Карл Полањи (Karl Polanyi): економски класик напишан во далечната 1944-та година од страна на унгарски емигрант во САД, ја разработува темата за развојот на британската пазарна економија, со особен акцент на аргументот дека општеството не треба да биде иницијатор на економските промени.

„Deep Learning, Иан Гудфелоу, Џошуа Бенгио и Арон Курвил (Ian Goodfellow, Yoshua Bengio, and Aaron Courville): се смета за една од најважните записи од областа на софтверот, препорачана и од Елон Маск и шефот за AI на Facebook Јан ЛеКун.

„The Boys in the Boat, Даниел Џејмс Браун (Daniel James Brown): интересна приказна која ја илустрира важноста на тимскиот дух и соработка низ призмата на аутсајдерскиот тим од Универзитетот во Вашингтон на Олимписките игри во Берлин 1936-та.

„The Great Convergence, Ричард Балдвин (Richard Baldwin): научна фантастика во најмала рака, во времето кога е пишувана, меѓутоа со оглед на денешните технологии, особено оние кои токму Microsoft ги развива, интересен приказ на она што може да се очекува во не толку далечна идинина.

„Mindset: The New Psychology of Success, Керол Двик (Carol Dweck): напишана од страна на професор по психологија, го нуди токму она опишаното во насловот.

„Nonviolent Communication, Маршал Розенберг (Marshall Rosenberg): една од книгите која е „под мора!“ за вработените во Microsoft од времето кога Надела стана CEO на компанијата.

„The Rise and Fall of American Growth“, Роберт Џ. Гордон(Robert J. Gordon): економска историја која ги обработува сите изуми одговорни за напредокот на човештвото и заклучува дека иновацијата е главниот извор за промените во општеството (колку невообичаено?!)

Извори: Fast CompanyFollowNews

Претходна статијаХакери сокриле вирус во CCleaner
Следна статијаAsus го претставува новиот ZenFone V