Samsung

Во разговор со медиумите оваа недела, директорот на Samsung, Диџеј Коу, покрај тоа што истакна дека згрешиле и брзале со пуштањето на Galaxy Fold, го даде своето мислење и за иднината на мобилните уреди.

Тој верува дека во периодот што следи популарни ќе станат уредите кои се превиткуваат, како Galaxy Fold, но и тоа нема да трае до толку долго. Развојот на технологијата која ги донесе 5G мрежите, уредите од Интернет на нештата, вештачката интелигенција, ќе го променат начинот на којшто корисниците се поврзуваат на интернет.

Според него, корисниците ќе имаат некаков паметен уред за секоја ситуација, односно тие ќе се поврзуваат преку екрани во нивните домови, ќе користат паметни часовници, ќе имаат можност да се поврзат во нивните автомобили и слично.

Како што можеме да го разбереме, тој сака да каже дека иако мобилните телефони нема целосно да ги снема, односно ќе останат во некоја форма, тие нема секогаш да останат единствениот и централен уред којшто го користиме.

Местото ќе го земат повеќе видови на други уреди, па нашето поврзување онлајн и комуникација, ќе се прави преку разни уреди, зависно од ситуацијата и локацијата.

Предвидувањето на иднината на технологијата не може да се каже дека им оди на многу луѓе. Трендовите, а посебно на долгорочен план, не е така лесно да се предвидат, а доколку може да се очекува најблиско предвидување, тоа секако би дошло од директорите на компании како Samsung.

Инаку, во меѓувреме излезе информацијата од Bloomberg дека Samsung веќе го има завршено процесот на исправка на грешките кај Galaxy Fold, па иако не се очекува негово повторно враќање во продажба идниот месец со Note 10, тој сепак ќе биде достапен оваа година.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаSamsung го има завршено процесот на исправка на проблемите на Galaxy Fold
Следна статијаМузичко лето со Huawei P30 и водоотпорниот Soundstone Speaker
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.