Елон Маск е постојано во јавноста поради неговите необични и иновативни идеи. Неговиот ексцентричен карактер и мотивација која се граничи со опсесија се одлично раскажани (покрај многуте други детали за неговиот професионален и приватен живот) во биографијата која за него ја напиша Ешли Венс (Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future).

Сепак, за навистина да спознаеме за каква личност станува збор, мора да ѕирнеме уште подалеку во неговото минато, кога ги немал парите, ниту компаниите што ги има денес.

Живеел со 1 долар дневно

Богатството на Елон Маск денес е проценето на околу 19 милијарди долари. Но, постоело време кога човекот живеел на еден долар на ден.

Неговите дневни оброци се состоеле од портокали и хот-дог (здрава и балансирана исхрана), а секојдневно се упатувал до агенцијата за вработување, со цел да дојде до редовни приходи.

Причината поради која што го правел ова е да се увери дека го има она што е потребно за да стане претприемач. Очигледно експериментот бил успешен.

Нашол работа преку еден телефонски повик

Маск е познат по неговото неконвенционално однесување и преземање ризици. На тој начин тој дошол и до работа во банката Nova Scotia. Тој и неговиот брат се јавувале на локални бизнисмени со цел да ги натераат да се сретнат на ручек. Еден таков бизнисмен бил Питер Николсон, кој откако го сретнал Маск во живо, се фасцинирал од него и веднаш му понудил работа во неговата банка.

Бил исфрлен од својата компанија

Во времето на PayPal „мафијата“, Елон Маск бил отфрлен од позицијата на ЦЕО на компанијата која ја ко-основал. Тоа се случило додека бил на одмор, и пател од маларија.

Кога се вратил, дознал за тоа што се случило. Неговите колеги му соопштиле дека тој не е човекот што треба да ја води компанијата. Маск не се борел против оваа одлука, ниту пак ја спомнува таа случка во јавност.

Она што е интересно е што Маск станал најголемиот инвеститор во ПејПал, откако бил симнат од позицијата на ЦЕО.

Тоа покажува дека и покрај неговиот ексцентризам, тој знае да биде и понизен и да се помирува со работите што му се случуваат, без оглед колку се тие негативни.

Претходна статијаЗавршна изложба на студенти од Семос Академија за графички и веб дизајн
Следна статија“Погледнете ја поголемата слика“ – Samsung и RedBull ги предизвикуваат потрошувачите со ново видео со екстремни спортови