Гејб Аул е едно од најпознатите имиња кај фановите на Windows. Тој ја водеше Windows Insider програмата која е нова за Windows 10 се до 2016, а дотогаш беше познат по големата комуникација која ја имаше со корисниците.

Тој во 2016 ја „предаде“ работата на Дона Саркр, по што продолжи да работи во друг дел од Microsoft, односно продолжи да работи на развојот на Windows.

Аул работи во Microsoft скоро 30 години, па информацијата дека ја има напуштено компанијата дојде како мало изненадување. Сепак, во денешно време е нормално да се менуваат работни места, па оваа промена не мора да значи дека си има отидено поради некаков поголем проблем.

Како и да е, тој сега е дел од тимот на Facebook, поточно од тимот којшто работи на развојот на Oculus. Оваа компанија беше купена од страна на Facebook пред 5 години.

Повеќе информации за промената нема, но и не се очекуваат. Останува во иднина да видиме дали ангажирањето на Аул ќе донесе некои промени во работата на Oculus и дали тој ќе биде и таму познат за јавноста како што беше во Microsoft.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаGood Omens (првични впечатоци)
Следна статијаЗапочнува натпреварот Huawei InFocus Awards за мобилна фотографија и видео
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.