Бил Гејтс веќе може да се каже традиционално препорачува листа на книги кои тој ги има прочитано, а смета дека вреди да се прочитаат. Со оглед на тоа што тој претставува во светот, не е мал бројот на луѓе кои би сакале да прочитаат нешто по негова препорака.

За книгите кои тој ги има прочитано изминатиот период истакнува дека како што ја составувал листата од пет книги, сфатил дека во неколку од нив се поставуваат „големи прашања“. Конкретно тој мисли на прашања како што се, „Што го предизвикува генијот?“, „Зошто лоши работи им се случуваат на добри луѓе?“, како и „Од каде доаѓа човештвото и во кој правец оди?“.

Петте книги кои Гејтс ги препорачува за ова лето се следните:

  1. Leonardo da Vinci од Walter Isaacson
  2. Everything Happens for a Reason and Other Lies I’ve Loved од Kate Bowler
  3. Lincoln in the Bardo од George Saunders
  4. Origin Story: A Big History of Everything од David Christian
  5. Factfulness од Hans Rosling, со Ola Rosling и Anna Rosling Ronnlund

Во видеото во продолжение Гејтс објаснува зошто му се допаѓаат овие книги и зошто смета дека вреди да се прочитаат, па погледнете го и изберете ги вашите книги за ова лето.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.