Поранешниот претседател на САД, Барак Обама ги предупреди Facebook и Google да понесат одоговорност за влијанието врз општеството. Тој потенцираше дека големите компании од нивниот ранг, вбројувајќи го тука и Twitter, имаат огромна општествена одговорност. Покрај тоа што се приватни компании чиј примарен интерес е профитот, тие полагаат голема општествена одговорност и претставуваат јавно добро.

Тој изрази загриженост за начинот на функционирање и опстанокот на демократијата во новонастанатите услови на технолошко сеприсуство. Обама го спореди известувањето на две од најголемите медиумски куќи во САД, на истата тема. Имено, FOX New и New York Times често се разликуваат во ставовите и начинот на кој ја пренесуваат веста. Па така, истото во пракса создавало паралелна реалност помеѓу луѓето кои ги следат овие два извори. Како пример за решавање на ваквата ситуација тој на покажа Кина и нивната национална стратегија која се однесува на медиумите. Сепак Обама се дистанцираше од државната контрола. Но, остави на разгледување предлог во кој државата би требала да воведе извесна доза на контрола и „правила на играта“.

Интересно да се забележи е дека целата вест, односно интервјуто со поранешниот претседател го пренесува магазинот Reason. Овој магазин отворено се декларира како либерален слично на политичката определба и на поранешниот претседател. Во интервјуто може да се забележи дека Обама заговара државна контрола на медиумите и изразува загриженост практично од слободата на говор. Се чини дека за него е проблем тоа што две медиумски куќи имаат различно мислење на одредена тема, што е крајно нормално. Дали живееме во време кога главните прокламатори на слободата на изразување и говор, под велот на либерализмот создаваат услови за сеопшта државна контрола?

ИЗВОРCNet
ИЗВОР 2Sloan Sports Conference
Претходна статијаОсновачот на Microsoft нема особено позитивно мислење за крипто валутите
Следна статијаИлина Вељановска: Со “Создади” ќе им помагаме на маргинализираните креативци и мали бизниси