Тим Ферис веројатно го знаете по неговиот бестселер 4 Hour Work-Week (и самиот вели дека насловот е misleading, тој всушност работи многу повеќе од четири часа неделно). Но, откако таа негова книга се продаде во милионски примероци, тој стана познат по повеќе други проекти. Тој е прилично успешен инвеститор (има инвестирано во Facebook, Evernote, Uber и други компании уште пред десетина години кога не биле гигантите кои што се денес).

Неговиот подкаст (The Tim Ferriss Show) го слушаат милиони луѓе секој месец (еден од нив сум и јас). Тој има напишано книга за фитнес и исхрана (4 Hour Body) како и книга за готвење (4 Hour Chef). Неговите последни книги, Tribe of Mentors и Tools of Titans се фокусираат на навиките и советите на десетици познати личности со кои тој има разговарано, како што се Џејми Фокс, Џејмс Камерон, Тони Робинс и многу други.

Тим е легенда во Силиконската долина. А ова е неговата дневна рутина од која можеме и ние нешто да позајмиме.

УТРИНСКАТА РУТИНА НА ТИМ ФЕРИС

Си го мести креветот

Во 2011 година, Тим се наоѓал во тешка псичка состојба. По една средба која тој ја имал со свештеник по име Дандапани, го послушал неговиот совет да си го намести креветот секое утро по станување. На тој начин ќе постигне мала победа веднаш по станување која ќе му даде добар буст за во текот на денот. Не само тоа, кога ќе легнува секоја вечер, ќе наидува на среден и наместен кревет. Win-win. Тим го применува овој совет со години и вели дека е една од наједноставните и најефективни работи што ги направил.

Медитира 20 минути

Тим е голем фан и практикувач на медитација. Од сите луѓе со кои има зборувано на подкастот, тој вели дека над 90 проценти од нив имаат некаква практика на медитирање или „забавување“. Тој најчесто практикува Трансцедентална Медитација, која се практикува со повторување на една мантра која е применлива само за вас (и кај нас постои центар за ТМ). Некогаш ја користи и апликацијата Headspace (сум ја пробал, одлична е за стекнување на навиката). Тим вели дека медитира за да излезе од реактивна фаза во текот на денот за самиот да биде во контрола.

Пишува во дневник

Тој користи два методи за ова: 5 Minute Journal и Morning Pages. Секое утро по медитацијата 5-10 минути пишува во својот дневник за да ги расчисти своите мисли и да ги издвои работите за кои е благодарен. На некој начин, пишувањето во дневник е неговата психотерапија.

Вежба

После сето ова, тој вежба 20-60 минути. Тоа може да биде во форма на HIIT (High Intensity Interval Training), возење на точак, кревање тегови, или неговата последна зараза – акројога (ги покажа своите потези на шоуто на Џими Фалон).

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.