Основачот на Microsoft нема особено позитивно мислење за крипто валутите

Тој ќе рече дека целото „лудило“ околу нив создало хаос во светот. По малку нејасно тој дури и ќе обвини дека крипто валутите се виновни за предизвикување на смрт на практично директен начин.

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс изнесе низа обвинувања на сметка на популарните крипто валути. Тој ќе рече дека целото „лудило“ околу нив создало хаос во светот. По малку нејасно тој дури и ќе обвини дека крипто валутите се виновни за предизвикување на смрт на практично директен начин.

Во групното Reddit AMA интервју, Бил Гејтс се осврна на новите технологии, позитивните и негативните влијанија од нив. Проговоре за автоматизацијата, проектите на конкурентските компании и ВИ…

За да го објасни својот став Гетјс вели дека крипто валутите се користат за купување фентанил и друг вид на опојни супстанци кои се користат во процесот на производство на дрога. Па на тој начин, тие имаат директна улога во уривањето на поредокот. Тој не е првиот човек од светот на технологијата кој негативно проговоре на сметка на овој економски тренд. Еден од основачите на Apple, Стив Вознијак претходно обелодени дека самиот бил жртва на измама поврзана со крипто валутите. Самиот факт што текот на истите не може да се следи е доволен проблем властите да имаат потешкотии да спречуваат перење пари или друг вид на криминални активности.

Гејтс се осврна и на некои други технологии кои се во развој. Го спомена и Hyperloop проектот на Елон Маск. Истиот го окарактеризира како тешко изводлив и изрази несигурност во неговиот потенцијал. Меѓутоа, неговиот генерален заклучок е дека технологијата се движи во вистинска насока. Особена надеж нуди автоматизацијата која не е ништо ново, меѓутоа последните години зема особен замав. Гејтс не стравува од економскиот дисбаланс кој се заканува како последица од автоматизацијата. Туку напротив, вели дека човештвото само ќе треба да се прилагоди на новонастанатата состојба.

ИЗВОРThe Guardian
ИЗВОР 2Reddit
Претходна статијаСакате да купите Самсунг Галакси С8, но загрижени сте за можни оштетувања на неговиот стаклен екран?
Следна статијаБарак Обама ги критикувва Facebook и Google како се уште да е претседател на САД