satya-ice-bucket

Како поддршка за лицата кој што боледуваат од АЛС болеста, повеќе познати личности учествуваат во таканаречениот Ice Bucket Challenge, односно Ледена Кофа Предизвик. Овој предизвик се прави со цел да се добие поголема свесност за оваа болест, како и да се промовираат и поддржат истражувањата за пронаоѓањето на лек. Еден од многуте кои што боледуваат од оваа болест е и познатиот теоретски физичар Stephen Hawking.

Амиотрофична латерална склероза (АЛС) е прогресивна, обично смртоносна, неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. Како моторна невронска болест, таа предизвикува мускулна слабост и атрофија по целото тело. Моторните неурони дегенерираат, престанувајќи со својата функција на испраќање на пораки до мускулите. Поради тоа, и мускулите атрофираат како резултат на неактивност.

Директорот на Microsoft го има прифатено предизвикот од страна на Steve Gleason кој што исто така боледува од оваа болест, па во продолжение можете да погледнете видео како на Satya Nadella му истураат кофа со ладна вода на главата. Тој во таа прилика ги предизвика Larry Page директорот на Google и Jeff Bezos директорот на Amazaon да го направат истото. Истиот предизвик го има направено и Mark Zuckerberg кој што го има постирано видеото на неговиот Facebook профил.

Извор: WPCentral, The Verge

Претходна статијаOM/ONE: Првиот лебдечки Bluetooth звучник
Следна статијаSamsung Galaxy Note 4 објавен предвреме на индонезиска страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.