Apple

Еден од најпознатите имиња во светот на индустрискиот дизајн, Џони Ајв, како и еден од ретките најблиски соработници на Стив Џобс, минатата недела изненади со одлуката да ја напушти Apple и да основа сопствена компанија која ќе работи со дизајн.

Во најавата стоеше дека соработката помеѓу Apple и Ајв нема да престане, па тие ќе му бидат првиот клиент во новата компанија.

Сепак, според статија од The Wall Street Journal во која истакнуваат дека имаат разговарано со директорите од Apple, а изминатите година дена и имаат направено доста разговори со вработените во компанија кои имаат соработувано со Ајв, одлуката за напуштање на Apple сепак не е изненадување за нив.

Според информациите од овој познат медиум, Џони Ајв почнал да станува се повеќе незадоволен поради тоа што Apple се повеќе почнале да ја водат директори кои се од финансии или оперативата на компанијата, а се помалку имало луѓе од ИТ светот.

Еден од првите поголеми проблеми кој се има јавено е при дизајнирањето и развојот на Apple Watch, каде Ајв имал различна замисла за тоа како треба да биде позициониран уредот на пазарот.

Со тек на време Ајв решил да ги намали своите секојдневни обврски во компанијата, но наводно почнал и да не се појавува на одредени состаноци преку кои би требало да го одржи контактот со својот дизајнерски тим.

Кратко кажано, според The Wall Street Journal, Ајв подолг период не бил задоволен со својата работа, а тоа и не бил толку тајно и скриено внатре во компанијата. Со оглед на тоа што не дошло до промена на случувањата, Ајв се одлучува да на крај ја напушти компанијата и да продолжи да функционира сам.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаWindows 10 ќе има повеќе можности во прилагодувањата на известувањата од апликациите
Следна статијаSony работи на смартфон со екран кој се замотува?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.