Noemi Nuñez - https://www.flickr.com/photos/caotiquemind/3106983761/, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=9813521

Во април годинава, кога Закерберг сведочеше пред конгресот на САД, Кери го спореди лидерот на Фејсбук со популарниот цртан лик „Марсовецот Марвин“.

Фејсбук има тешки и предизвикувачки неколку години. После скандалот со Кембриџ Аналитика и злоупотребата на лични податоци на десетици милиони корисници на Фејсбук, имиџот на социјалниот гигант драстично опадна.

Сепак, според нови информации објавени во истражувачки текст на Њу Јорк Тајмс, Фејсбук се справиле катастрофално со опоравувањето од последиците од овој скандал. Како прво, тие најмиле компанија која имала цел да го пренасочува вниманието на јавноста кон проблемите на Гугл и Епл, наместо оние на Фејсбук.

Тоа некако ќе го простиме, со оглед на коруптивните практики и на Епл и на Гугл. Меѓутоа, Фејсбук исто така најмиле и компанија која се обидувала да дискредитира активисти и протестанти, поврзувајќи ги со милијардерот Џорџ Сорос (од каде ли ми е позната оваа тактика?).

Сите овие информации се поразителни за Фејсбук, и уште повеќе ќе ја нарушат довербата која тие ја уживаа(т) во јавноста.

Мотивиран од информациите кои ги објави Њу Јорк Тајмс, Џим Кери повторно се огласи на Твитер. Овој пат, тој на креативен начин му испрати порака на Закерберг на неговиот „мајчин јазик“ – бинарен код.

Што точно значи оваа порака, можете да погледнете на следниот линк (внесете го кодот и кликнете „convert“). А целиот извештај на Тајмс можете да го прочитате овде.

Претходна статијаМакпрогрес Виница започна во своето производство да користи енергија од обновливи извори
Следна статијаБез изговори! Правилата во сообраќајот важат и за мотоциклистите