Спротивно од случувањата изминатиот период, кога крипто-валутите се под еден вид на напад, а нивната вредност значително е падната, еден од најпознатите луѓе во силициумската долина ја најавува нивната доминација за само 10 години од сега.

Google ќе го забрани рекламирањето на крипто-валутите, а интересно, истото ќе го направи и компанијата чиј ко-основач и директор е токму Џек Дорси, односно Twitter.

Како и да е, без разлика на моменталната ситуација, тој смета дека со тек на време се повеќе луѓе ќе ги прифаќаат крипто-валутите, а ќе почне да се користи и нова технологија која ќе го олесни раководењето и користењето на овие валути.

Bitcoin валутата која го започна сето ова, тој смета дека ќе биде единствената и од другите конкуренти, што доколку навистина се зголеми популарноста на ваквите валути, не е чудно да се замисли дека една ќе превладее.

„Светот на крајот ќе има единствена валута, интернетот ќе има единствена валута. Јас лично верувам дека тоа ќе биде Bitcoin“ – изјави Дорси за The Times.

Тврдењата на Дорси ќе бидат интересно да се види дали ќе се остварат. Иако јас верувам дека крипто-валутите имаат иднина, некако ми е тешко да замислам и поверувам дека тие ќе станат единствената светска валута за само 10 години. Можеби во наредните 50-100 години би имало повеќе логика, но тоа е мое мислење, а вие слободно дадете го своето во коментарите.

ИЗВОР 2VB
Претходна статијаHuawei P20 ќе донесе тројна камера на задната страна со 40, 20 и 8 мегапиксели
Следна статијаИднината на автономните возила: Смртоносни машини или олеснувачи на секојдневието?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.