Иван Петрушевски

Оваа недела разговараме со Иван Петрушевски, основач на МКхост. Со него дискутиравме за можностите за практикантство кои ги нудат во нивната компанија, како и за тоа колку факултетите продуцираат спремни кадри за пазарот. Што недостига? Каква е моменталната ситуација? Прочитајте ги деталите во прилог ?

1. Што е МКхост, за каква компанија станува збор?

Ние сме најголемиот хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија. Им помагаме на нашите корисници да стигнат до сопствен онлајн бизнис, односно веб сајт, со кој тие стигнуваат до своите крајни корисници преку услугите и производите кои ги нудат на интернет. Постојано се грижиме да ја обезбедиме најдобрата услуга и техничка поддршка за корисниците, нешто по кое сме најпрепознатливи.

2. Која е тајната формула за водење успешен бизнис во Македонија?

Искреност кон корисниците и грижа за секој корисник поединечно. Градење на вистинскиот тим кој ќе се вклопи во заедничка корпоративна култура, како и искористување на најдоброто од секој поединец во тимот и слушање на секое мислење и идеи.

Наместо бркање на брз профит, долгорочното вложување во овие параметри ветува дека на долг рок бизнисот може да биде функционален и одржлив.

3. Вашиот тим постојано се зголемува. Дали моментално имате отворени можности за пракса или работа?

Нашиот тим е во постојана потрага за проширување. Како што се зголемува обемот на работа и клиентите на МКхост, така се појавува и потребата од нов кадар. Токму во моментов имаме потреба од неколку типови на практиканти, а помеѓу нив се – систем администратор, PHP developer, агент за продажба и поддршка, како и маркетинг менаџер. Сите заинтересирани студенти или дипломирани можат да се пријават на нашата страница за кариера: https://www.mkhost.com.mk/career/

4. Што им недостига воглавно на практикантите? Дали факултетите продуцираат спремни студенти?

Дефинитивно најголемиот предизвик на факултетите е да воведат повеќе практична работа. Практичната работа по компании кои нудат реални задачи и предизвици е одличен извор за студентите, но истото би требало да биде подобро регулирано од страна на факултетите. Сепак, се радувам што со текот на годиниве гледам самоиницијативност од многу студенти, кои сами сакаат да научат и да ги подобрат своите знаења.

5. Што би им порачале на студентите и читателите на Смартпортал?

Секогаш да се усовршуваат во она за кое се залагаат и сакаат да го работат. Секој пристап во нештата кои се прават да биде аналитичен, и постојано да се учи како наредниот пат може да биде подобро.

И уште еднаш би го искористил овој простор, да ги повикам сите заинтересирани студенти да аплицираат и да пуштат свое CV, со цел да станат дел од тимот на МКхост ?

Претходна статијаPitch Please 2018 – Како идната работа и пракса во странство стануваат реалност ?
Следна статијаSamsung ги претставува најновите апарати за домаќинство на саемот “EuroCucina 2018”