Netflix го објави официјалниот „трејлер“ од документарецот којшто ќе се прикажува на овој стриминг сервис од 20 септември, а се однесува на животот на Бил Гејтс. Документарецот треба да биде достапен во целиот свет, што значи дека ќе може да се гледа и од кај нас од споменатата дата.

Името на документарецот е „Inside Bill’s Brain: Decoding Bill Gates“, а е направен во три дела, што значи дека може да се очекуваат доста информации и поглед во животот на еден од најбогатите и најпознати луѓе во светот.

Од видеото може да се види дека документарецот ќе биде составен од прашања кои му се поставувани од режисерот Дејвис Гугенхајм сега, а ќе има и доста стари видео снимки од разни настани, а посебно поврзани со Microsoft.

Дел од прашањата ќе бидат и такви како кој е најголемиот страв на Гејтс, на што тој одговара дека тоа е можноста неговиот мозок да престане да функционира.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија„Queen Cake“ би било името на Android Q ако не се решеше за името Android 10
Следна статијаHuawei нема да може да ги користи Google сервисите и апликациите во нивните нови телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.