Shutterstock.com

Оваа статија на Inc.com ни го привлече вниманието со насловот, но и поради тоа што се работи за еден од основачите на Microsoft и познат на сите, Бил Гејтс. Темата е интересна и обично ја обработуваат нашите колумнисти, па може ќе добијат идеја да напишат нешто повеќе.

Сепак, нема кој не се интересира за начинот на којшто функционираат и работат познатите и некои од најбогатите луѓе во светот. Секој сака да добие дополнителна идеја и инспирација, а тоа секогаш најмногу се очекува од читањето на примерите од успешните.

Начинот на којшто се функционира со вработените е една од најважните работи во компанијата. Добриот избор на вработени, нивната мотивираност и желба за работа е нешто што може да направи огромна разлика за напредокот на компанијата, но и генерално за „здравјето“ на менаџерот.

Бил Гејтс порано, пред да дојде до заклучокот дека работите не може така да функционираат, ги имал запаметено регистрациите од возилата на своите вработени, па на тој начин можел суптилно да следи кој кога доаѓа и кога си оди од работа.

Ова како потреба доаѓало поради фактот што тој поминувал многу часови на работа, а и не верувал многу во викендите и годишните одмори. Истото тој почнал да го очекува и од своите вработени, иако знаел дека не може да го очекува до исто ниво.

Искуството сепак покажува дека бројот на поминати часови на вработените во канцеларијата не значи ништо. Како што многу од вас знаат, голем дел од вработените не го поминуваат своето време ефикасно и само чекаат да помине денот. Каква разлика прави ако тие останат уште некое време на работа, ако ништо не се сработи.

Затоа, во денешно време се повеќе се дава значење на мерење на учинокот на вработените, односно во мерење на завршената работа, нејзиниот квалитет и слично, а времето поминато на работа е нешто што не ја прави клучната разлика.

ИЗВОРInc.com
Претходна статијаInstagram размислува за криење на бројот на лајкови кај објавите
Следна статијаЕУ ќе ја создаде една од најголемите дата бази на информации за луѓето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.