By Maurizio Pesce from Milan, Italia (Elon Musk, Tesla Factory, Fremont (CA, USA)) [CC BY 2.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/2.0)], via Wikimedia Commons

Еден од најбрилијантните умови на денешницата, Елон Маск, е убеден дека помеѓучовечка телепатија е сосема изводлив концепт. Невербална комуникација на база на телепатија според него е нешто што ќе биде алатка на човекот и тоа во наредните неколку години.

Тој преку илустрација успеа да објасни како и зошто планира да ги поврзе човечките умови со компјутер. Маск смета дека вербалната комуникација е нужно да се замени со директен линк помеѓу нашиот мозок и компјутер. Од ваквата поврзаност би бенефицирала меѓучовечката комуникација која би била побрза и попрецизна, но и развојот на вештачката интелигенција која би можела побрзо да учи од нас. Својата оптимистична прогноза тој ја замислува во наредните 8 до 10 години.

Елон Маск не е единствениот со вакви амбиции. Неодамна претставник на Facebook излезе со концепт за уред кој би одел во таа насока. Имено, уредот е систем од електроди чија цел е да прибира податоци директно од мозокот на човекот и да биде во состојба да ги интерпретира во зборови. Концептот на Маск е уште подлабок. Тој инсистира овие електроди да се најдат во мозокот на човекот и тој практично да се спои со вештачка интелигенција.

За полесна илустрација, споредете го начинот на функционирање на веб-пребарувачите и како тие сугерираат, односно ги дополнуваат вашите реченици. Тие буквално ги предвидуваат вашите мисли.

Планот сето ова да се усоврши и реализира за период од 10 години е преамбициозен. Елон Маск е човек кој на човештвото му подари многу и ветува дека ќе успее уште повеќе. Но во име на реалноста и здравиот разум, тешко е да се поверува дека луѓето ќе комуницираат телепатски за само 10 години. Ова се должи на едноставниот факт што имплантирање на електроди во човечкиот мозок е ни малку едноставна работа. За евентуално некогаш да дојде до тоа потребни се години и години тестирања и експерименти. Истите примарно ќе се вршат на животни и никој не го гарантира нивниот успех. Сетоа ова е можеби изводливо. Но потребен е сериозен исчекор на полето на медицината, за воопшто да можеме да зборуваме за технологијата која ќе биде каналот на комуникација.

ИЗВОР 2Technology Review
Претходна статијаОтворен повик за 11-то издание на ЛИДЕР проект: Врвна програма за бизнис образование во Македонија
Следна статијаApple ќе го отстрани „изрезот“ од нивните OLED екрани