Елон Маск повторно стравува и предупредува дека вештачката интелигенција може да биде фатална за човечкиот род. Според него, една од можните варијанти за да се избегне уништување на луѓето е колонизација на Марс, нешто на кое што работи веќе неколку години наназад со неговата компанија SpaceX.

Многу луѓе се скептици во врска со ова прашање, но напредокот на вештачката интелигенција е во постојан раст. Компании како што се Facebook, Google, Apple итн. веќе сериозно размислуваат за примена и понатамошно развивање на оваа интелигенција. Најдобри примери за тоа се Cortana и Siri, дигиталните асистенти на Microsoft и Apple.

Објаснувањето на Маск се базира на примерот на дигиталните уреди коишто ги користиме денес, особено паметните телефони и компјутерите. Според него тие се дел од нас на некој начин, единствена пречка претставува начинот на кој што комуницираме со нив. Моментално сме во фаза кога на нашите смартфони им даваме наредби преку пишување на текст или гласовни комади, што е прилично бавно. Доколку безжично се поврземе со нашите дигитални уреди преку чип којшто ќе биде вграден во нашиот мозок, тогаш податоците од нашиот мозок ќе бидат внесени во дигиталниот уред или во виртуелен компјутерски сервер.

Иако се чини дека сме далеку од сета оваа нова технологија, сепак Маск не е многу убеден во тоа. Тој вели дека во овој момент сме околу четири до пет години од постигнување на неговото предвидување.

Извор: VanityFair

Претходна статија„Соларна кожа“ ќе може да ги напојува роботските протези со енергија
Следна статијаОфицијално: Samsung ќе го врати Note 7 на пазарот како “refurbished” модел