Во своето обраќање до припадниците на поморскиот корпус на Армијата на САД, претседателот Доналд Трамп ја потенцираше можност да биде формирана нова секција од армијата. Покрај посотечките 3, тој дискутираше за можно формирање на вселенски корпус. Намената на овој дел од армијата, логички, би бил специјализирано војување и оперирање во вселената.
Трамп ќе рече дека идејата започнала како шега. Меѓутоа, ако се споредат воените доктрини на најголемите конукренти на САД, лесно може да се заклучи дека ова е адекватен чекор за одржување на стратешкиот баланс. Руската Федерација одамна поседува посебни војно-космички сили, а истото важи и за НР Кина.
Trump says that space is a “war fighting domain” and proposes a military “space force.” pic.twitter.com/759ENLaIYj
— Jack Smith IV (@JackSmithIV) March 13, 2018
Како дополнување на наводите на претседателот се огласи, заменик гласноговорникот на Белата Куќа, Хоган Гидли. Тој појасни дека се работи за нова Национална стратегија која го опфаќа и прашањето за вселената како потенцијален фронт.
Милитаризација на вселената не е ништо ново. Дури и кога е во прашање армијата на САД. Таа одамна располага со вселенска команда, која до сега се наоѓа во рамки на воздухопловните сили. Иако ваквиот чекор на најголемите сили на нашето време има низа негативни елементи, сепак е неизбежен и се случува. Се појасно станува дека некои наредни војни за превласт на земјата, веројатно ќе се водат и во вселената.