анс

“секоја граница што ќе ја преминете, секоја извршена трансакција, секој остварен телефонски повик … се наоѓа во дланките на систем чиј дофат е неограничен…”

Горниот цитат е главната порака на Citizenfour, новиот документарен филм на режисерката Лаура Поитрас (Laura Poitras), која заедно со Глен Гринвалд, му помогна на Едвард Сноуден да обелодени информации кои предизвикаа вистинска бура во светската јавност и доведоа до извојување на бројни победи за заштита на приватноста и други човекови права. Уште поважно, ова ги натера и обичните граѓани да размислуваат скептично кога властите ги уверуваат дека нивната приватност се наоѓа во безбедни раце.

Минатата година бевме буквално бомбардирани со информации за шпионирањето кое NSA го врши врз електронските комуникациски канали кои се протегаат низ целиот свет, притоа недискриминирајќи помеѓу легитимни терористички цели и невини граѓани. Сепак, ефектот е различен кога имаме прилика визуелно да го доживееме процесот кој од темел ги растресе разузнавачките служби на САД.

Ова не е прв пат Лаура Поитрас да се занимава со сомнителните методи на работа на NSA, што е една причина зошто Сноуден имал целосна доверба дека таа верно ќе ги пренесе случувањата од тој период. Во нејзиниот краток филм „Тhe Program“, Вилијам Бини (William Binney), поранешен разузнавач во NSA, открива како технологијата наменета за странско разузнавање е континуирано применувана за “бесправно шпионирање на американските граѓани”.

Дејствието на Citizenfour ги следи подготовките на Едвард Сноуден и Глен Гринвалд, со цел да ги објават серијата написи кои сега се составна алка на еден од најважните настани во историјата на истражувачкото новинарство. Филмот, во најголем дел, е снимен во Хонг Конг, каде што Сноуден се упатил откако ги воочил бескруполозните шпионирачки методи употребени од страна на NSA.

фас

Во него откриваме дека Сноуден, додека работел во Booze Allen Hamilton, компанија која нуди безбедносни услуги од областа на технологијата и чиј главен клиент е владата на САД, станал свесен дека придонесува кон “дизајнирање на системи кои ја засилуват државната власт”. Понатаму, тој го открива мотивот зад неговите постапки, алудирајќи на нападите со беспилотни летала, кои можел да ги гледа од својот компјутер “тоа навистина ме натера да преземам акција.”

Филмот е олицетворение на смелото истражувачко новинарство, како и храброста на еден човек чии постапки ги разниша државните структури ширум светот како и довербата која граѓаните ја имаа(т) во тие структури.

Да се надеваме дека ќе имаме можност да го гледаме и во нашите кино сали.

Претходна статијаРекордна интернет брзина од 255Tbps постигната на едно оптичко влакно
Следна статијаTim Cook првпат јавно проговори за неговата сексуална ориентација