Ветеранот од авто-индустријата Боб Лац смета дека се гледа крајот на постоењето на компанијата Tesla. Човекот кој во својата кариера бил дел од некои од најголемите имиња ова поле, вклучувајќи ги BMW, Ford, Chrysler и General Motors, нема светли очекувања за иднината на Tesla.

Лац е припадник на „старата школа“ и за него бележењето на негативен индекс на заработка, автоматски значи дека компанијата се движи кон пропаст. Од друга страна, Елон Маск, првиот човек на Tesla смета дека токму тоа е показател дека неговата компанија е на вистинскиот пат.

Економијата и технологијата во последните години преживејаа големи промени и практично се надополнуваа меѓу себе. Факт е дека технологијата може да напредува со огромна брзина, без при тоа да остварува пропорционален профит. Друг факт е и дека Tesla е примарно компанија од областа на технологијата.

За компарација, компанијата Uber изминатата година забележа загуба од 2,8 милијарди долари. Во својот комплетен век на постоење загубата брои околу 22 милијарди. Но, без разлика на тоа, Uber е и понатаму 70 милијарди повреден од компании како Ford, Honda или GM.

Што се однесува до продажбата на моделите и растот на нивната популарност, компанијата на Маск нема потреба од грижи. Тие се на сигурен пат да бидат компанијата со најмногу продадени комплетно електрифицирани возила. Доколку успеат да ги надминат и проблемите околу нивниот Model 3, со сигурност ќе станат најуспешниот автопроизводител во историјата. Сето тоа без да остварат сериозен профит.

Компанија која буквално го менува светот, тешко дека туку така ќе биде осудена на пропаст. Особено од аспект што нивните производи влијаат на толку многу аспекти на животот на луѓето што тешко дека нема да успеат да најдат начин како да ги покријат своите загуби.

Извори: TheNextWeb, AutoBlog

Претходна статијаUber очекува да почне со работа со автономни возила за само 18 месеци
Следна статијаGlobal Game Jam Македонија во Скопје од 26 – 28 јануари 2018 година