gates-reading-list

Како и минатата година, така и оваа, Бил Гејтс преку својот блог дава предлог што тој смета дека би требало да прочитате ова лето. Листата, како што тој ја нарекува „Четиво за плажа“, е составена од 7 книги од разни области.

Тој пред 2 месеци исто така даде предлог на книги на присутните на неговото предавање на TED конференцијата, па доколку ја немате видено листата, можете да ја видите тука. Новата листа содржи и книги кој што тој веќе ги препорача во оваа листа.

Во продолжение е листата на книгите, а на крајот е видео во кое што Гејтс самиот ги претставува книгите и објаснува зошто смета дека треба да ги прочитате.

Хипербола и пол од Али Брош (Hyperbole and a Half, by Allie Brosh)

Книга базирана на веб страна од авторката во која што таа преку интересни описи и цртежи го опишува својот живот во младоста. Случувањата се во главно опис на работите кои што таа ги размислувала, работи кои што според Гејтс, сите ги мислиме, меѓутоа ретко кој би ги кажал во јавност.

Магијата на реалноста од Ричард Докингс (The Magic of Reality, by Richard Dawkins)

Докингс е еволутивен биолог при Оксфорд Универзитетот кој што според Гејтс има дарба да ја направи науката интересна. Тој книгата ја споредува со Cosmos серијата која што се емитува на National Geographic каналот. Во неа се даваат одговори на важни прашања како што е „Како настанал универзумот?“ или „Што ги предизвикува земјотресите?“.

Што ако? од Рендал Мунро (What If?, by Randall Munroe)

Поднасловот на книгата гласи „Сериозни научни одговори на апсурдни хипотетички прашања“, а бил Гејтс истакнува дека книгата е токму тоа. Авторот дава одговори на разни прашања од повеќе полиња во науката, како физика, хемија, биологија и други. Некои од прашањата кои што се поставуваат се „Од која висина треба да пуштите стек за да тој биде зготвен кога ќе падне на земјата?“.

XKCD од Рендал Мунро (XKCD, by Randall Munroe)

Книгата е колекција од објавите на авторот на неговиот блог XKCD кој што во главно е составен од цртежи поврзани со наука и компјутери.

За имунитетот од Еула Бис (On Immunity, by Eula Biss)

Авторката во книгата се обидува да открие и објасни зошто луѓето се плашат да ги вакцинираат своите деца. Нејзиниот став е дека вакцините се безбедни, ефективни и потребни за заштита на децата.

Како да лажете со статистики од Дарел Хаф (How to Lie with Statistics, by Darrell Huff)

Книга која што е објавена во 1954 година, а забележана од Гејтс на Wall Street Journal на листа на книги кои што се добри за инвеститори. Иако е напишана одамна, Гејтс смета дека не е воопшто застарена, туку истата е поважна и од порано. Тој истакнува дека едно од поглавјата објаснува како визуелните помагала можат да ги преувеличат трендовите и да ги извртат споредбите.

Дали треба да јадеме месо? од Вацлав Смил (Should We Eat Meat?, by Vaclav Smil)

Книга во која што авторот се обидува да најде средина помеѓу улогата на месото во човечката еволуција, темата за суровоста спрема животните, односно фактот дека како што светот станува побогат, се повеќе месо се јаде.

Извор: Gatesnotes

Претходна статијаIRIS – Одличен нов уред-екран за вашиот автомобил
Следна статијаПрви неофицијални информации за Samsung Galaxy Note 5
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.