Еден од ко-основачите на Apple, Стив Вознијак, изнесе низа критики на сметка на Елон Маск и компанијата која тој ја предводи. Вознијак, говорејќи на Нордискиот бизнис форум, ќе рече дека не верува во ништо што Маск го промовира.

Меѓутоа, популарниот Воз не секогаш го делеше истото мислење за еден од најголемите умови на денешницата. До лани, тој беше речиси сигурен дека токму од Tesla ќе потекне новиот револуционерен изум. Очигледно во меѓувреме нешто го премислило, па така на излагањето во Стокхолм тој подели низа негативни коментари.

Тој ќе објасни дека е негов поддржувач од самиот почеток. Меѓутоа, не му се допаѓа тоа што Маск често отстапува од зацртаните планови. Тој како пример го наведе „ветувањето“ на Маск од 2016-та година. Тогаш Маск убедуваше дека неговата Tesla самата ќе се одвезе од Лос Анџелес до Њујорк. Како рок тој го наведе крајот на 2017-та, што секако не се случи.

Вознијак понатаму продолжи да ги критикува генералните можности на автономната технологија. Тој смета дека BMW и Audi солидно предничат на ова поле пред Tesla. Во секој случај, тој оддаде почит за неговите претприемачки способности. Но, тоа и понатаму не го прави добар иноватор и нема врска со неодржувањето на ветувањата.

Извори: Cnet, MercuryNews

Претходна статијаКонечно, НСА го открива вистинското лице
Следна статијаТри економски гиганти ќе го спасуваат здравство во САД