Amazon

Сопственикот на Amazon, Џеф Безос се најде прв на листата најбогати луѓе во 2017-та година. Неговото богатство се проценува на околу 99 милијарди американски долари. Зад него се Бил Гејтс и Ворен Бафет, со 91, односно 85 милијарди. Петорката ја заокружуваат единствениот Шпанец, сопственикот на Zara, Амансио Ортега со 75 милијарди и Марк Зукерберг со 72 милијарди долари.

Џеф Безос според статистиките е за 33 милијарди побогат од лани. Тој го престигна долгогодишниот лидер на табелата Гејтс, а се очекува разликата помеѓу овие двајца дополнително да се зголемува. Гејтс е во фаза на буквално раздавање на своето богатство во добротворни цели.

Оваа двојка инаку се и единствените луѓе кои во извесен момент имале богатство кое тежи над 100 милијарди долари. На Гејтс тоа му успеало во 1999-та година, а Безос тоа го забележа во ноември на популарниот Black Friday. А, очигледно е дека Amazon ќе продолжи да доминира на берзите и во наредната 2018-та.

За оние упатените, статистиката на најбогатите луѓе во светот е сосема очекувана. Напредокот на технологијата ги диктира цените на акциите од оваа индустрија правејќи ја најисплатлива за инвестирање. Од првата петорка најбогати луѓе, тројца доаѓаат од технолошкиот сектор.

Извори: ZDNet, Bloomberg

Претходна статијаЖежок јануари на Pickbox со пет ексклузивни премиери веднаш по Америка
Следна статијаКинески Шенжен со комплетно електрифициран автобуски јавен превоз