Google
Фото: Flickr

Долгогодишниот инженер на Google Стив Јеге, по 13 долги години, неодамна ја напушти компанијата. Јеге направи трансфер во сингапурскиот Grab, кој е директен конкурент на Uber. Ваквата одлука тој ја образложи на „долго и широко“ преку објава познатата платформа Medium.

Како главната причина за напуштањето на гигантот со кој заедно „созреваа“ тој ја наведува:

-Неспособноста на Google повеќе да иновира. Според него, компанијата практично наликува на човек во своите рани 40-ти. Неговата одлука се темели на 4 главни аргументи. Компанијата е премногу конзервативна. Во смисла дека повеќе нема намера да ризикува со нови иновации. На второ место тој ја споменува хиерархијата и бирократијата во самата компанија. Google е огромна компанија, па внатрешната поделеност на фракции е неминовна. Таквата ситуација значајно ја намалува продуктивноста на целиот колектив.

Помеѓу преостанатите два аргументи тој ги споменува арогантноста на компанијата и генерално лошиот квалитет на тимот. Можеби вторите два аргументи се негово индивидуално доживување, но симптоматично е дека тој не е единствениот кој го дели таквото мислење.

Јаге преку пример ќе посочи на еден таков арогантен испад на Google. Нешто налик социјална мрежа требаше да биде Google+. Овој проект тој уште во 2011-тата го оцени како патетичен. Факт е дека компанијата е повеќе ориентирана кон конкуренцијата, одошто кон самите корисници. Таквиот пристап води кон практично имитирање на конкуренцијата. Така во Google всушност се „калат“ „препишувачи“, а не изумители.

Ваквиот критицизам во гласот на Стив Јеге е нешто сосема очекувано. Времињата се менуваат, а технолошките компании и понатаму се само компании кои мораат да заработуваат. Во инаков случај би се викале хуманитарни организации. На патот кон заработката луѓето како Јеге често имаат епизодна улога без оглед на нивните позитивни намери.

Извори: Cnet, Medium

Претходна статијаКако да ја победиш зависноста од својот паметен телефон
Следна статијаAndroid Oreo ќе ја покажува брзината на конекцијата пред да се поврзете на WiFi