Многумина од нас беа изненадени и дури и видно изнервирани од изборот на Доналд Трамп за претседател на Америка, со објаснување дека не е за претседател. Сепак, ако цениме по неговите советници, претседателството на Трамп би можело да биде многу успешно, особено во секторот на технологијата и науката.

Ова е интересен развој на настаните, бидејќи компаниите од силиконската долина јавно ја поддржуваа Хилари Клинтон во преизборната кампања. Дури и Елон Маск изјави дека Трамп не е вистинскиот човек за канцеларијата на претседателот, а Каланик беше поагресивен и најави дека ќе се пресели во Кина доколку Трамп биде претседател.

Сепак, како и секогаш во политиката и бизнисот, разликите брзо се надминуваат. Така, Трамп сега често ќе ги користи советите на Елон Маск за прашањата поврзани со автомобилизмот, климата, технологијата и науката. Покрај Маск, Трамп ќе ја користи и експертизата на Извршниот Директор на Uber, Тревис Каланик. И двајцата треба често да се сретнуваат со претседателот за да му даваат совети за тоа како да се справи со одредени сектори од неговото владеење.

Најавата дека Маск и Каланик ќе го советуваат Трамп беше објавена неколку часа пред состанокот на идниот претседател со директорите на сите поголеми компании од силиконската долина, вклучувајќи ги Сатја Надела од Microsoft и Тим Кук од Apple. Дури и овој состанок е доказ за тоа дека Трамп најверојатно нема да владее со агресивните најави кои ги имаше во кампањата – сигурно Маск не би го советувал да ги скрати напорите за намалување на глобалното затоплување.

Извор: Washington Post, The Hill, Independent 

Претходна статијаГенетски напредните мајмуни се враќаат во War for the Planet of the Apes
Следна статијаWizz Air ја објави новата рута од Скопје до Будимпешта