Сигурно одговор на ова прашање имаме повеќето од нас, меѓутоа во овој случај ќе пишуваме за одговорот на еден фотограф на свадби.
Се работи за Томас Стујарт, кој преку неговата Facebook страна реши да ја искаже неговата „смаченост“ во случајов од користење на мобилните телефони како камери во буквално секоја можна ситуација.
Тој, објавувајќи слика од последната свадба на која што бил ангажиран како фотограф, покажува како на сликата не може добро да се видат главните учесници на церемонијата, а младоженецот мора и да се навали на страна за да може да биде сликан. Зошто ? Затоа што сликата е блокирана од присутните кои што застанале на патот на невестата, за подобро да можат да ја сликаат со нивниот мобилен.
Видете ја оваа слика. Овој младоженец мораше да се наведне на страна само за да може да ја види невестата додека доаѓа кон него. Зошто ? Затоа што гостите со нивните телефони беа на патеката и на неговиот пат.
Со развојот на технологијата и нејзината сеприсутност, сигурно се почесто ќе можеме да прочитаме вакви коментари. Сепак, технологијата колку и да нуди предност, не треба да се претерува со нејзиното користење. Се сложуваме со фотографот кој што отсега ќе бара од тие што го ангажираат да побараат од гостите да не ги користат нивните телефони.
Гостите на свадбите сигурно може да се задоволат со сликите од фотографот кој што може да ги добијат после свадбата. Ако не друго, барем денес сликите се во дигитална форма и може да бидат испратени на кој сака.
Извор: Metro.co.uk