2015-04-23_18-01-14

Серијата Batis на објективите Carl Zeiss кои се правени за професионалните апарати Sony Alpha доаѓаат со вграден OLED дисплеј. На сите објективи досега, на местото на дисплејот имаше механички обележани мерки кои ја прикажуваа дистанцата на која објективот е фокусиран, и дополнителни ознаки (кои не ги има на секој објектив) кои ја означуваа ширината на полето на фокус.

Zeiss и Sony сакаат да го олеснат начинот на кој фотографот ги добива тие информации со тоа што ќе бидат прикажувани на OLED дисплеј. Дали е тоа паметна идеја?

Пред сè Sony отсекогаш имале проблем со батериите, односно со тоа колку долго апаратот работи на дадена батерија. Во споредба со конкурентите Canon и Nikon на една батерија во просек Sony апарат фотографира ¼ од фотографиите. Таа бројка е навистина мала за фотографи кои работат активно со тој фотоапарат. Додавањето на дополнителни уреди кои имаат потреба од електрична енергија и процесорска моќ (макар и значајно мала) дополнително го намалуваат бројот на фотографии по дадена батерија.

Дополнително, со зголемениот број на сензитивни елементи во објективот се намалува практичната издржливост и воедно се зголемува цената на поправка.

Дисплејот е релативно непотребен со оглед на тоа што не покажува повеќе информации од механичкото решение претходно, така што изгледа дека функцијата што ја има е едноставно само за да биде различно од останатите и да ги привлече купувачите.

Се надеваме дека барем оптичкиот квалитет на објективите ќе биде конкурентен на тие од Canon и Nikon, со оглед на тоа што објективите на Sony за професионалните апарати не се ни блиску до тие на конкурентите, а цените знаат да бидат доста повисоки.

Извор: The Verge

Претходна статијаWhatsApp гласовни повици сега и на iOS
Следна статијаПрв меѓународен Drupal Camp во Македонија