dsc00204-100636709-large

AMD веќе одамна има проблем со ладењето на своите процесори и генерално е прифатено дека тие загреваат повеќе од конкуренцијата на Intel. Затоа, во пакет со процесорите, AMD испорачуваше побрзи, но воедно и погласни кулери од оние на Intel. Сега, тие имаат нов кулер, наречен Wraith, кој ќе се испорачува со нивните процесорски и APU единици и кој е многу потивок.

Идејата зад неговиот дизајн е едноставна – кулерот е поголем и врти со помалку вртежи во минута. Ова го прави многу потивок во однос на претходниот кулер кој доаѓаше вграден со AMD процесорите. Исто така, според тестовите, Wraith кулерот овозможува и многу подобро ладење на процесорот, оставајќи можност за благ “overclock”.

Покрај тоа, овој кулер врти на константна брзина, односно нема потреба од забрзување на вртежите како во претходниот кулер, па корисникот на компјутерот нема да биде често изненадуван со „шушкање“ од компјутерот кога игра некои потешки игри кои го загреваат процесорот.

Wraith кулерот има максимална моќност од 125 W, што значи дека може да се користи со поголемиот број на процесори на AMD и ќе биде директно испорачуван со нив, но веројатно нема да биде доволен да ги „олади“ најмоќните FX единици.

Иако се работи за нов кулер, од Wraith не очекувајте премногу можности за “overclock”. Доколку имате намера да ги покачите перформансите на Вашиот AMD чип, веројатно ќе треба да изберете кулер од некој производител специјализиран за тие работи – како на пример Cooler Master или пак да преминете кон водено ладење, кое овозможува најдобри перформанси, а е воедно и убедливо најтивко решение.

dsc00200-100636710-large

Извор: PCWorld, Gamers Nexus, Tom’s Hardware

Претходна статијаLG G5 ќе биде претставен на 21-ви февруари на MWC во Барселона
Следна статијаОвој месец е 15 годишнината од претставувањето на VLC Player