Vivo сепак на крајот испадна првиот производител кој има телефон со сензор за отпечатоци на прсти сместен под екранот. Дали сепак ќе биде првиот производител кој ќе почне со продажба на ваков телефон, не е сигурно, со оглед на фактот што за уредот на Vivo се’ уште нема ни име, спецификации или цена.

Се очекува новиот Galaxy S9 од Samsung да има ваков сензор, а истиот треба да почне да се продава најверојатно од март.

Сензорот за отпечатоци кој е сместен под екранот кај телефонот од Vivo работи поразлично од сензорите на кои сме научени досега. Тие поради фактот што се поставени на физичко копче, работат на база на капацитивна технологија.

Новиот сензор работи на оптичка технологија, односно со оптичко скенирање на прстот, а во случајот на моментално единствениот сензор од Synaptics, со помош и на вештачка интелигенција.

Како функционира сензорот на телефонот од Vivo може да погледнете од следното видео, снимено од дечките од Android Central кои се присутни на CES 2018.

Извор: Cnet, Android Central

Претходна статијаByton претставува SUV со 49-инчен екран
Следна статијаСамсунг паметните ТВ уреди 2018 се првите телевизори од индустријата кои добија сертификат за зголемена безбедност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.