N150WTR

TRENDnet, еден од водечките производители на жични и безжични мрежни уреди, претстави нов безжичен рутер од N150 линијата погоден за користење кога патувате во друштво. Моделот на овој безжичен рутер е TEW-714TRU, а е дизајниран да подели една интернет конекција помеѓу повеќе корисници додека сте на пат.

Рутерот доаѓа во компактна форма и е со димензии од 81 x 50 x 39 милиметри и тежи само 120 грама. TEW-714TRU се поврзува директно во штекер и доаѓа со три заменливи приклучоци, овозможувајќи целосна компатибилност со Американскиот, Европскиот и Британскиот електричен стандард.

Со TEW-714TRU рутерот имате неколку опции за делење на интернет конекција. Покрај можноста да конвертира жична во безжична интернет конекција, рутерот има можност да сподели и безжична интернет конекција која дозволува пристап на само еден корисник, со повеќе корисници.

Исто така, на рутерот можете да прикачите USB стик чија содржина ќе биде достапна на сите уреди кои се поврзани со него. TEW-714TRU може да функционира и како полнач за сите мобилни уреди кои поддржуваат полнење на батеријата преку USB кабел.

Цената на овој безжичен рутер изнесува 59.99 долари.

Претходна статијаNVIDIA SHIELD – најмоќната рачна конзола
Следна статијаLenovo најави 4 нови “all-in-one” компјутери