Го знаете човекот од филмови како Fast Five, Furious Seven, Jumanji, и други акциони трилери. Важи за еден од најхаризматичните холивудски личности, а и за еден од најмускулестите (човекот наликува на Хулк).

Неговиот Инстаграм профил е следен од повеќе од 100 милиони корисници. Секој филм во кој глуми автоматски заработува стотици милиони долари на бокс офисот.

Го туркаат и да се кандидира за претседател на САД во наредните избори (можеби во партнерство со Опра Винфри).

Меѓутоа, на Карпата (the Rock) не му е доволно да се занимава со филмски улоги, па влегува и во други бизниси.

Она што мене ме заинтересира е неговото промовирање на блутут слушалките наречени „Project Rock“. Слушалките се изработени од врвен материјал отпорен на вода. Слушалките се изработени од Under Armour и JBL, што значи дека може да се очекува да имаат и феноменален звук како и материјали на изработка.

Тие можат и да се преклопуваат, а исто така се мијат по потреба за само неколку секунди (после интензивна тренинг сесија и потење).

Батеријата на ова „чудо“ наводно трае околу 16 часа, што е прилично висока бројка (моментално користам блутут слушалки чии батерии држат околу 6 часа активност – мислев дека тоа е одлично).

Сепак, очекувано е дека сите овие квалитетни карактеристики ќе влијаат на цената на слушалките. Оттаму, ако одлучите да ги нарачате, тоа ќе ве чини 249 долари.

Ако сте gym rat, обожавате да слушате музика додека вежбате а мразите кога се борите со испревртени кабли, и можете да си дозволите, тогаш веројатно нема да најдете подобар избор од овој.

Претходна статијаFacebook ја тестира функцијата Keyword Snooze
Следна статијаYouTube канали што треба да ги следите (ЕДУКАЦИЈА)