Elliot Teo / Unsplash

Sony оваа недела го претстави досега најголемиот сензор за мобилните камери којшто со големината на сликата којашто може да ја извади, може да им конкурира и на професионалните DSLR апарати. Се разбира, квалитетот на сликата кој може да се направи од апарат, не може баш да се споредува со тој од мобилните телефони, меѓутоа со помош на технологијата и софтверот, тие се прилично блиску.

Новиот сензор којшто ќе може да го видиме во некој од идните мобилни телефони, овозможува сликање на слики со 48 мегапиксели. Се работи за огромна слика за која повеќето луѓе кои сликаат со мобилен телефон и немаат потреба, меѓутоа ете производителите упорно продолжуваат да претставуваат се повеќе и повеќе мегапиксели кај телефоните.

Интересното кај овој сензор е што е направен да може да спои 4 пиксели во еден и со тоа да овозможи 12 мегапикселни слики во ноќни услови кои треба да овозможат одличен квалитет. Технологијата Sony ја нарекува Quad Bayer, а одлуката каква слика ќе биде извадена прави самиот чип, односно корисникот нема да треба сам да прави промени.

ИЗВОРSony
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаКако полесно да се справите со предизвикот наречен „Безбедно ноќно возење“
Следна статијаСите предизвици за брендовите, потрошувачите и огласувачкиот пазар во време на вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.