samsung_series6_smarttv-590x330

Да, доколку имате некој нов Samsung паметен телевизор со гласовни команди, бидете сигурни дека некој ги слуша сите ваши разговори, со тоа што и не можете ништо против тоа, освен целосно да ги изгасите гласовните команди.

И не само тоа, туку и Samsung ова го има вклучено во условите за користење на гласовните команди, кои нормално, никој нема да ги прочита. Во нив пишува дека „Доколку вашето зборување вклучува персонални или други сензитивни информации, можно е да биде снимено и испратено”. Што значи дека корисникот и не може да преземе правни мерки, бидејќи сепак се работи за член напишан во „Условите за користење“ на таа можност на телевизорот.

Но, што има Samsung од овие разговори? Они веројатно би ги користеле во маркетинг цели, што, ајде да речеме не е толку опасно, но истите се испраќаат и до Nuance корпорацијата, која често пати беше обвинувана дека прислушува и преку Siri (каде и не е спомнато во условите за користење), Google Now, односно Cortana. Снимените разговори дури може да се употребат и за фаќање криминалци, но и за влез во приватноста на многу луѓе.

samsung_voice_remote-590x330

Нормално, не треба да се плашите доколку ви е швалерката на гости, бидејќи Nuance и не е многу заинтересиран во вашиот љубовен живот. Но, замислете дека договарате грабеж на банка и спомнувате баснословни суми на пари… Знаете каде целиме со ова, нели.

Иако звучи прислушувањето многу лошо, се чини дека кај нас нема голем простор за паника, бидејќи нашиот јазик се уште не е препознат од софтверите, но за сите загрижени дека се прислушувани, решението е целосно исклучување на системот за гласовни команди. Исто така, праќањето на гласовните команди не мора директно да значи дека сте прислушувани за сензитивни информации, но, верува денес некој во тоа?

Извор: Geek

Претходна статијаMicrosoft почна да испраќа покани за нивниот настан во рамките на MWC 2015
Следна статија„Паметни“ панели за каросеријата ќе ви кажуваат кога некој ви го удрил автомобилот