Samsung
Media: Samsung

Samsung започна масовно производство на најголемиот SSD до сега. Drive-от именуван PM1643 се служи со последната V-NAND технологија и има капацитет од 30,72 терабајти. Покрај тоа што нуди рекорден капацитет, овој уред ќе понуди и 3 до 4 пати поголема брзина на трансфер. Сето тоа е спакувано во не повеќе од 7 цм.

Уредот претставува голем напредок на полето на SSD технологиите. Тој ќе понуди барем двојно подобри перформанси од својот претходник или било кој друг уред до сега направен. Исто така, тој ќе го урне и актуелниот рекорд поставен во март 2016-та. Најголем носач на меморија до сега изнесува 15,36TB.

Појавувањето на ваков уред на пазарот ќе значи значително намалување на цените на drive уредите. Шансите производот да се најде во комерцијална употреба во скоро време се мали. Тоа се должи на големиот капацитет, кој ги надминува просечните побарувања. Меѓутоа, се отвора простор за некои идни времиња кога содржините ќе бидат во формати кои зафаќаат повеќе меморија од она што е стандард денес. Чисто за споредба, уредот на Samsung теоретски би можел без проблеми да зачува дури 5 700 филмови во Full HD резолуција. Од компанијата најавуваат дека во текот на годината ќе работат на развој на модели со помал капацитет кои би можеле да се најдат во продажба.

ИЗВОРThe Next Web
ИЗВОР 2Samsung
Претходна статијаБесплатно тестирање и сертификација Certified Secure Computer User за компании
Следна статијаКако може да ни наштети вештачката интелигенција?