samsung-sd590c_gallery-100457935-large

Нова димензија во светот на компјутерите ќе донесе мониторот на Самсунг со 27-инчен заоблен екран, дизајниран по теркот на новите телевизори. Иако најавената цена е скоро двојно од обичните монитори со 27 инчи кои се продаваат по цена од 220 долари, за новиот модел на Samsung SD590C ќе треба да одвоите 430 долари.

Еден меѓу водечките луѓе во Samsung, заменик маркетинг директорот Рон Газола најави дека новите дисплеи на SD590C се внимателно дизајнирани за ве внесат во боите на мониторот и навистина да се почувствувате како да сте дел од содржината. Заобленоста на мониторот не само што ви овозможува поголемо видно поле и прави да мониторот изгледа многу поголем од што всушност е, туку и ви овозможува целосен и јасен фокус на работите.

samsung-sd590c_top-100457920-large

Новите монитори се базирани на вертикално порамнување (Vertical Alignment) со LED осветлување на LCD панел, со максимално осветлување од 350cd/m2 (кандели на метар квадратен) и максимала херцажа од 60Hz. Моделот SD590C со заоблен екран ќе користи дисплеј порта, HDMI порта и старата VGA порта.

Опцијата Game Mode на новите монитори на Samsung автоматски го става во режим мониоторот, каде боите се појасни, контрастот е појак, но и самоиот дисплеј ја детектира околината и се прилагодува на условите. Истото се случува и со вградените 5 ватни стерео звучници, кои го баланситаат звукот.

Од Samsung ги најавија првите модели во САД на 1 октомври, датумот за Европа сеуште не е објавен.

Извор: PCWorld

Претходна статијаНовиот GT80 Titan гејминг лаптоп на MSI со вградена механичка тастатура
Следна статијаSamsung ја претстави новата Galaxy A серија наменета за младите корисници