Samsung денеска го одржува Unpacked настанот на којшто ќе го претстави новиот, поточно двата нови уреди од Note серијата, Galaxy Note10 и Galaxy Note10+. На само неколку часа пред овој настан од компанијата го претставија и чипсетот на којшто ќе работат овие нови уреди, односно чипсетот којшто се користи во уредите надвор од САД.

Новиот чипсет е Exynos 9825 и е наследник на Exynos 9820. Како што може да се види и од бројката на верзијата, не се работи за драстична промена, односно новиот чипсет во главно ќе ги има карактеристиките на неговиот претходник, кога се работи за процесорите, графичкиот процесор и нивните перформанси.

Тоа значи дека овој нов чипсет нема да донесе некое посебно зголемување на „моќта“ на уредите кои ќе работат на него, па наместо тоа Exynos 9825 донесува подобра ефикасност, односно подобра потрошувачка на енергија.

Главната новина кај Exynos 9825 е што тој е изработен во 7nm технологија, со што ја надоместува „мааната“ од неговиот претходник во споредба со конкуренцијата.

Исто така, Exynos 9825 е првиот чип којшто е направен со „EUV processing technology“, технологија која овозможува нов начин на „печатење“ на кола од процесорот.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2GSM Arena
Претходна статијаLG преку кратко видео го најавува претставувањето на нивниот нареден смартфон за 6 септември на IFA 2019
Следна статијаGoogle ја најави можноста на Pixel 4 за контрола на уредот со гестикулации и негово отклучување со препознавање на лицето на корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.