Samsung оваа недела претстави нов сензор за мобилни камери, ISOCELL Slim GH1 кој ги има досега најмалите пиксели. Тоа овозможува да сензорот им прилично мала големина, а притоа да овозможи висока резолуција во сликање, односно голем број на мегапиксели.

Конкретно, овој сензор има 43,7 мегапиксели, а пикселите се со големина од само 0,7 микрометри. Од Samsung истакнуваат дека овој сензор ќе биде погоден да се вградува во новите уреди кои имаат се помалку рамки околу екранот, односно дизајни кои би им користел помал сензор.

„Многу сме задоволни што постигнавме уште еден напредок со претставувањето на првиот на пазарот сензор за камери на мобилните со големина од 0,7 микрометри, ISOCELL Slim GH 1, кој ќе овозможи елегантни и поедноставни дизајни, како и одлични искуства при сликање во идните паметни телефони.“ – истакнаа од Samsung во нивното соопштение за најава на сензорот.

Како и претходните сензори од Samsung, така и новиот ќе ја користи Tetracell технологијата која ги групира пикселите по 4 во група со цел собирање на повеќе светлина во темни услови. Со тоа се добива помала слика, односно слика со околу 12 мегапиксели, но со многу повеќе светлина од што би можело да се постигне со сензор кој има толку мали пиксели.

ISOCELL Slim GH1 доаѓа и со можност за снимање на 4К видеа, а има и стабилизација на сликата направена на основа на жироскоп, како и автоматско фокусирање на сликата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаCloudflare го претстави својот WARP сервис како дел од 1.1.1.1 апликацијата
Следна статијаВидео од Android верзија која работи на Nokia телефон без екран на допир го покажува откажаниот систем од Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.