gear-360

За време на Samsung Unpacked настанот каде што главните ѕвезди беа новите Galaxy S7 телефони, од компанијата претставија уште неколку дополнителни производи. Еден од нив е камерата за снимање на 360 степени видеа или популарно наречени видеа за виртуелна реалност, Gear 360.

За разлика од многуте други вакви производи коишто ги видовме изминатата година, Gear 360 е наменета за обичниот корисник, што значи ќе има соодветни карактеристики и можеби најважно, соодветна цена.

Снимките од камерата ќе може да се менаџираат и гледаат преку неколку поддржани модели од Galaxy серијата, но пред се ќе бидат наменети за гледање преку Gear VR уредот за виртуелна реалност.

Gear 360 доаѓа со 2 камери во таканаречената форма на рибини очи коишто можат да снимаат 180 степени видеа со вкупна резолуција од 3840×1920 пиксели. Овие камери исто така можат да сликаат со по 15 мегапиксели, овозможувајќи слика од 30 мегапиксели комбинирано.

Уредот може да се користи и за снимање само со една страна, односно со една камера, со што се добива видео од 180 степени.

Gear 360 доаѓа со трипод на којшто може да се постави за снимање, micro SD картичка, како и Wi-Fi, Bluetooth, NFC и USB за префрлување на снимената содржина. На уредот исто така е поставен и мал AMOLED екран којшто може да се користи за прилагодување од страна на корисникот.

Овој вид на производи наменети и за обичните корисници ќе ги гледаме се повеќе оваа година. Уредите наменети за гледање на виртуелна реалност полека излегуваат на пазарот, а гледаноста на ваквите видеа се покажа како голема.

Извор: Samsung, Cnet, T3

Претходна статијаHP Elite x3 е најмоќниот Windows 10 телефон кој ќе може да се користи и како лаптоп со Continuum
Следна статијаLenovo претстави повеќе уреди на MWC 2016 – Мобилни, лаптопи, таблет компјутери…
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.