После две поминати години од последниот чип наменет за паметните часовници од Qualcomm, конечно оваа компанија го престави својот Snapdragon Wear 3100, чип специјално развиен за овие паметни уреди наменети за „носење“.

За разлика од претходната генерација која беше направена на основа на мобилен чип, прилагоден за часовниците, оваа нова платформа е специјално развиена од самиот почеток за паметните часовници.

Првата работа која овој чип ќе го направи подобар од постарата генерација е тоа што работи на четири јадра. Тоа значи дека овој чип ќе овозможи повеќе моќ за часовниците да можат да работат што повеќе мазно, а и да ги поддржи се поголемиот број на апликации и сензори.

Сепак, главната новина не е во моќта на овој чип, туку во неговата способност да заштеди што повеќе енергија, нешто што е клучно за паметните часовници да станат повеќе популарни кај корисниците.

За таа цел Snapdragon Wear 3100 им посебен ко-процесор направен да работи со многу помала потрошувачка на енергија. Овој процесор ќе се користи кога корисникот нема интеракција со часовникот, односно кога тој е оставен да се користи само како обичен часовник.

Snapdragon Wear 3100 поради тоа ќе овозможи поголемо траење на батеријата, но и можност за прикажување на стрелка за секунди, како и подобра работа на сензорите кои имаат потреба од константно собирање на информации.

Чипот овозможува уште еден начин на заштеда на енергија. При останување на мал процент од батеријата, можно е вклучување на режим којшто го остава само часовникот, а ги исклучува сите други функции на оперативниот систем. На овој начин корисниците можат да добијат и уште цела недела од батеријата со можност за проверка на времето.

ИЗВОРQualcomm
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаСо врвниот софтвер за 3D графика „Autodesk Maya“ до професионален 3D аниматор
Следна статијаTuring Bird е нова веб страна од вработени во Google која ќе ви помогне при посета на одредени градови во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.