Converted_file_66c5edd6

Ако имате продавница со излог веројатно сте го наредиле со производи кои се надевате дека ќе ги привлечат минувачите. Проблемот со ова е дека не можете да измерите точно колкава е „конверзијата“ т.е. префрлањето од минувачи кон заинтригирани, па кон купувачи. Понекогаш би дале се` за да знаете дали последните промени што ги направивте имаат било каков ефект.

За 90 долари сега веќе ќе можете. Се работи за уред наречен Placemeter чија основна задача е да го мери присуството пред излогот и тоа да ви го прикаже во разбирливи, статистички податоци. Уредот има камера и визуелен процесор преку кој разбира што има пред него и дали се работи за луѓе.

Converted_file_e55873f4

Потоа ги испраќа информациите во облакот (без тоа не поминува веќе ништо), а потоа можете да ги симнете со програм на вашиот компјутер. Во софтверот на Placemeter можете да наместите виртуелни визуелни точки кои ако бидат поминати ќе се додадат во статистиката. Практично, во Placemeter имате вградено вештачка интелигенција која разбира што има на сликата и тоа ви го пренесува вам.

Како може да се искористи Placemeter? Веќе кажавме дека може да се користи за испитување на ефикасноста на вашиот излог или рекламно пано. Потоа, може да се користи и како безбедносна камера, а би можело и како што и друго да ви текне ако сте расположени за експериментирање.

Дали Placemeter ќе најде своја вистинска примена останува да видиме, а цената од 90 долари нема да му одмогне во тоа.

Извор: TechCrunch, IoTHub, Placemeter

Претходна статијаSonicTouch е нов читач за отпечатоци на прсти кој ќе може да се смести и во екраните
Следна статијаGoogle патент за вадење крв без игла