nvidia-pascal

Благодарение на долгогодишното ривалство меѓу NVIDIA и AMD (претходно ATI), од година во година гледаме значителни скокови во перформансите на графичките картички. Еден таков треба да биде и новата архитектура на Pascal на NVIDIA, која ветува двојно подобри перформанси во графичките од високите класи.

Најзаслужна за скокот во перформансите е новата рам технологија HBM2, која AMD веќе ја применува во Fury графичките чипови. Напредокот на HBM2 во однос на HMB е повисоката ефективна брзина, како и поголемата густина на меморијата. Благодарение на ова, најдобрите графички со Pascal архитектурата ќе имаат максимум 16 GB рам меморија!

sk_hynix_hbm_dram_2-640x498

Ова во почеток нема да донесе особено голем напредок во актуелните игри, кои ретко користат повеќе од 4 GB рам, но од друга страна, ја прави оваа архитектура спремна за се наредно што спремаат дивелоперите на 3D интензивните графички игри.

Покрај тоа што ќе има многу повеќе меморија, Pascal ќе овозможи и проток на податоци од 1 TB во секунда, што е во најмала рака импресивно. Ова значи дека графичката ќе може да обработува графика со многу повисока резолуција од порано, односно сега ќе можете да ги играте и најинтензивните игри на 4K резолуција со максимални детали. Исто така, благодарение на големината на транзисторите од само 16 nm, Pascal ќе троши и дупло помалку енергија од актуелните картички.

Она што наредно го очекуваме е одговорот на AMD, кои со Fury серијата малку заостануваат зад последните графички на NVIDIA. Според тоа какви перформанси ќе донесе Pascal на сцената, AMD дефинитивно ќе мора да има добар одговор.

Извор: Extreme Tech

Претходна статијаIntel спрема супер-компјутерски чип со 72 јадра, кој може да се вгради во десктоп машина
Следна статијаActivité Steel – Нов фитнес следач од Withings