man-typing-635

Со оваа тастатура, дури и да ви ја знаат лозинката, нема да можат да ви влезат во компјутерот, бидејќи тастатурата ќе препознае дека не се работи за вашиот метод на пишување, а покрај тоа, се напојува со сопствен извор на енергија.

Според еден од креаторите, Жонг Лин Ванг, лозинките веќе не нудат заштита како порано и таа заштита е многу лесно да се пројде, особено поради лесната кражба на истите преку клауд сервисите. Затоа, тие предлагаат тастатура, која ќе може да го препознае пишувањето на секој корисник и според тоа да дозволи пристап.

Паметната тастатура препознава неколку различни стилови на пишување, вклучувајќи го и притисокот со кој ги притиска корисникот копчињата и брзината со која пишува. На овој начин, според нејзините создатели, истата ќе може многу прецизно да препознае дали се работи за вистинскиот корисник.

Новата тастатура, не само што ќе донесе поголемо ниво на заштита за корисниците, туку треба да биде и евтина, односно, не многу поскапа од обичните тастатури, што би ја направило достапна за повеќето корисници.

Покрај заштитата, тастатурата има и неколку други новитети вградени во нејзе. На пример, може да работи без надворешен извор на енергија и да ја собира енергијата од самото пишување по копчињата. Вишокот енергија дури може да се искористи и за некој надворешен уред! Исто така, тастатурата има специјална површина, која не собира прашина и нечистотии.

Извор: Epoch Times

Претходна статијаNexus 6 нема читач на отпечатоци поради Apple
Следна статијаСоништата можно е да ни се одвиваат забавено во однос на будниот живот