Иако Nvidia немаше за претставување нови графички картички за време на CES 2019 оваа недела, тие сепак го најавија донесувањето на нивните најнови RTX картички на лаптопите.

Оваа нова генерација на графички, направена со нова архитектура доаѓа со една голема новина, а тоа е ray tracing технологијата. Оваа технологија, заедно со вештачката интелигенција, треба да овозможат досега невидени нивоа на реалност на сликата.

Од друга страна, AMD оваа недела на CES 2019 ја претставија нивната, прва во светот направена со 7nm технологија, Radeon VII графичка картичка. Оваа картичка е досега најдобрата од оваа компанија и со оглед на технологијата, треба да овозможи значително подобри перформанси, а тие ја промовираат и како конкурент на RTX серијата од Nvidia.

Со оглед на тоа што се’ уште нема доволно игри кои подржуваат ray tracing, а картичката од AMD уште не е достапна, не може да се направи споредба на двете, а тоа ќе остане за по некој месец.

Директорот на Nvidia Џенсен Хуанг сепак уште сега има став и мислење за новите графички од AMD. Тој за време на разговор со новинари во рамките на CES 2019 кажал директно дека новите картички од AMD имаат лоши перформанси.

Можеби е подобро да го пренесеме ова на англиски затоа што нема македонски збор кој директно го преведува кажаното. Па така, тој кажал дека: “The performance is lousy”.

Тој исто така истакнал дека RTX графичките ќе ги “скршат” тие на AMD во тестовите, па ќе биде интересно да ги видиме тие тестови кога ќе може да се направат.

———

CES 2019 се покажа како навистина интересен настан оваа година, па доколку сакате да видите што беше претставено, можете да ги видите нашите останати статии од овој настан на овој линк.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРСБСП: Како безбедно да возите во зимски услови?
Следна статијаWhirlpool претстави паметна рерна која може да ја препознае храната која се спрема
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.