Од анкета која Microsoft ја спроведува за корисниците на бизнис или училишна Office сметка може да се види дека размислуваат за воведување на ново копче на Windows тастатурите кое ќе биде со иконата на Office.

Поточно, новото копче не би било физички ново, туку би го заменило Windows копчето кое се наоѓа на десната страна од тастатурата, односно копчето за отворање на менија, доколку го има тоа наместо Windows копче.

Со оглед на тоа што за да една тастатура биде означена со ознаката на Windows 10 Microsoft бара вклучување на Windows копче, доколку решат да воведат и посебно Office копче, истото ќе почнеме да го гледаме во повеќето тастатури на пазарот.

Ова копче би можело да се користи за повеќе функции, зависно од потребите на корисникот. Па така, копчето може да претставува кратенка за отворање на најчесто користената Office апликација, како на пример Word.

Покрај ова, корисниците би можеле да додадат и други функции на копчето, па истото да го користат за брзо споделување на датотеки и слично, а се зависно од која активност поврзана со Office тие најчесто ја прават.

Воведувањето на едно вакво копче уште е во фаза на анкетирање, што значи дека не е познато дали Microsoft дефинитивно ќе го воведе, а тоа во голем дел ќе зависи и од одговорите на корисниците на Office 365 кои се моментално анкетирани.

Оставете коментар