d75572fbf018126c507fd01eb445f246_large

Користењето на сончевата светлина за осветлување на објекти не е нешто ново, меѓутоа може да се каже дека не толку често се употребува, посебно во градбите во нашата земја. Модерните градби кои што се направени според еколошките стандарди, покрај другите работи, обично вклучуваат доста стаклени површини со што се овозможува влегување на надворешната светлина внатре. На овој начин се штеди електричната енергија, но и се добива природно осветлување, наместо вештачко од големиот избор на светилки направени од нас луѓето.

Меѓутоа, што ако живеете или работите во градба која што не е направена според еколошките стандарди, односно вклучува само обични прозори и врати кои што иако овозможуваат влегување на светлината од надвор, тоа не го прават ни приближно како градбите со големи стаклени површини. Ова сепак е случајот со повеќето луѓе во целиот свет.

Light Bandit е производ кој што треба да го реши овој проблем, односно да ви овозможи сончевата светлина да ја осветли вашата просторија на сите места каде што сакате. На еден начин добивате бесплатно осветлување, доколку се разбира се тргне на страна еднократната цена на производот.

Користејќи низа на огледала, како и неколку слоеви на други помагала, Light Bandit ја насочува сончевата светлина кој една точка, односно кон излезот за оптички кабел. Главниот уред се поставува на прозорот, а каблите кои што доаѓаат во различни должини се носат до саканата локација за осветлување. Иако и самиот кабел зрачи светлина, таа е насочена на неговиот крај кој што има можност да се приклучи на посебно направени додатоци. Овие додатоци се направени во форми како и стандардните светлосни тела што веќе ги користиме. Може да се нарача додаток во форма на цевка, па со тоа да ја користите како неонка. Исто така има додаток кој што е наменет да ја замени обичната сијалица, а планирани се и повеќе видови на додатоци за разни намени.

a86d59a9b76a1f907d1c4d504c4c3988_large

Уредот кој што ја насочува сончевата светлина исто така го одбива, односно филтрира инфрацрвениот дел од светлината, што значи дека светлината која што ја добивате во просторијата нема да ја грее во исто време.

Light Bandit моментално се нуди преку Kickstarter платформата за групно финансирање. Може да се нарача по цена од 100 долари, па нагоре, зависно од должината на оптичкиот кабел, како и додатоците кои што би ги сакале.

Се очекува да почне да се доставува до корисниците од Ноември идната година доколку успешно ги соберат побараните 200.000 долари во наредните 21 денови. Моментално се собрани нешто над 4.500 долари.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаLift Labs кој ја создаде „паметната лажица“ – купен од страна на Гугл
Следна статијаПретставен AirDroid 3, донесува десктоп апликација и можност за mirroring
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.