3d377852-0f21-4074-a3c2-35f418170848

Развојот на Kinect сензорот овозможи тој да биде интересен и за развивачите кои што не мора да се секогаш од областа на игрите. Веќе можевме да видиме како овој сензор се користи на пример за препознавање на јазикот со знаци.

Со издвојувањето на сензорот од Xbox One конзолата, Microsoft ја претстави и втората генерација од него наменета за десктоп компјутерите. Минатата година тие претставија и посебен адаптер кој што може да се користи за поврзување на Kinect for Xbox One на десктоп компјутер.

Кога ќе се земе во предвид фактот дека се работи за во основа истиот уред, се поставува прашањето зошто од компанијата веднаш не претставија адаптер, туку целосно посебен уред.

Како и да е, корисниците од сега ќе можат да го нарачуваат сензорот за Xbox One, кој што веќе се продава посебно, како и додатниот адаптер за поврзување со Windows 8 и 8.1 компјутер.

en-INTL-L-Microsoft-Kinect-for-Win-Plug-9J7-00001-RM4-mnco

Тоа значи дека развивачите ќе можат и понатаму да развиваат апликации кои што ќе го користат сензорот, меѓутоа изборот на уреди сега е поедноставен и унифициран.

За тие што веќе имаат купено Kinect for Windows сензор, поддршката од Microsoft останува уште долго време, па нивната работа нема да биде попречена на никаков начин.

Извор: Kinect blog, Engadget

Претходна статијаГласини дека Google сака да го купи Twitter ја зголемија вредноста на социјалната мрежа
Следна статијаmDrawBot – Сами составете 4 различни роботи за цртање на разни површини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.