Во пресрет на Глобалниот саем на иновации(CES), кој ќе започне кон крајот на месецот во Лас Вегас, компаниите ги подготвуваат за промоција своите најнови изуми. Една од нив е и Intel, чиј главен фокус ќе биде претставување на i7 процесорот од 8-мата генерација.

За таа цел, на саемот ќе се појават и два модела од мини суперкомпјутерот NUC (Next Unit of Computing). Оваа минијатура, во себе крие неверојатни графички способности, а со новиот процесор, оправдано го добива статусот на суперкомпјутер.

Двата модела, односно NUC8i7HVK и NUC8i7HNK, се опремени со AMD RX Vega графички картички кои речиси совршено соодветствуваат со процесорот. Едниот од нив, HVK е помоќниот роднина, додека HNK се очекува да биде комерцијално подостапната варијанта.

Од Intel очекуваат двете конфигурации да овозможат уникатно gaming искуство за корисниците. Практично од овие машини би се очекувал минимум видео со квалитет од 1080p при 60fps. Уредите се наменети да се користат како десктоп компјутери, па во таа насока се опремени со цел куп приклучоци од различен вид. Од компанијата уверуваат дека уредот може да поддржи до максимум 6 екрани одеднаш. Единствениот негативен аспект е тоа што уредите речиси немаат RAM меморија. Па, за максимални перформанси, корисникот ќе мора самиот да ја обезбеди.

Цената за ова задоволство сѐ уште не е откриена, но познато е дека уредот би можел да се најде во продажба веќе годинава.

Извори: TheNextWeb, Engadget

Претходна статијаВо Кина украдено парче од првиот фотоволтаичен автопат
Следна статијаМарк Зукерберг: Facebook треба да се менува