Фото: TechRadar

Intel најави дека влегува на пазарот на графички картички, на кој моментално ги има само познатите Nvidia и AMD. Се разбира тука збориме за посебни графички картички, а не тие кои се интегрирани со процесорот.

Најавата од Intel дојде минатото лето, а графичките картички треба да ги видиме на пазарот идната година, односно 2020.

Повеќе информации за што може да очекуваме, не се објавени, а со оглед на тоа кога треба да се очекуваат овие картички, рано е да се објавува било што. Една година во технологијата значи многу.

Од Intel сепак решија да ни покажат „некаква“ информација за овие картички, па тие прикажаа слики, поточно рендери, од тоа како тие ќе изгледаат.

Сликата е на почетокот од статијата, па доколку можете да донесете заклучок од изгледот, до некаде ќе знаете што можете да очекувате, а најверојатно, барем за почеток, Intel нема да претстави нешто што ќе може да им конкурира на најдобрите картички од Nvidia, па и AMD.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаWhich Face is Real? – Дали можете да препознаете кое лице е вистинско, а кое е направено од вештачка интелигенција
Следна статијаFacebook Messenger доби можност за цитирање и одговор на пораките
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.