Intel

Intel, најголемиот светски производител на компјутерски процесори, најави дека го одложува производството на новата Broadwell линија на процесори кое требаше да започне пред новата година.

Според Brian Krzanich, извршен директор во компанијата, одложувањето се должи на технички проблеми со новиот 14-нанометарски процес.

Имено, овие технички проблеми би го спречиле Intel да испорача доволна количина на функционални процесори навремено, па затоа производството се одложува за еден квартал што е доволно време за да се усоврши процесот.

Broadwell процесорите ќе ја заменат моменталната Haswell линија на процесори, а се очекува да бидат побрзи и поефикасни. Оваа линија на процесори е особено важна за Intel, бидејќи со неа планираат да ја прошират својата застапеност во се поголемиот пазар на таблети.

Одложувањето не би требало да има влијание на Skylake, наследникот на Broadwell кој ќе биде базиран на истиот производствен процес. Засега позицијата на Skylake во плановите на компанијата останува непроменета.

Претходна статијаLenovo го претстави Miix2 таблетот
Следна статијаFacebook им дозволи на тинејџерите да постираат јавно