Според неофицијални информации од Wccftech, Intel планира да ја претстави 9-тата генерација од своите процесори на почетокот од октомври оваа година, поточно на 1 октомври. Оваа генерација ќе продолжи да биде правена во 14nm технологија, а 10nm процесори се одложени за идната година.

Тоа значи дека значителни промени во процесорите може да се очекуваат идната година, меѓутоа според информациите кои може сега да се прочитаат, годинешните процесори исто така донесуваат доволно новини за да привлечат внимание. Се разбира, тука како влијание е повторното враќање на AMD со своите Ryzen процесори кои конечно после долги години, му дадоа сериозна конкуренција на Intel.

Најновата генерација на Intel процесорите ќе биде составена од три процесори или барем за нив моментално се има информации. Тие треба да бидат следните:

  • Intel Core i9-9900K (8 core / 16 thread)
  • Intel Core i7-9700K (8 core / 8 thread)
  • Intel Core i5-9600K (6 core / 6 thread)

9-тата генерација од процесорите ќе биде првата која ќе го има i9 процесорот наменет за сите корисниците, а ќе биде и првиот кој ќе дојде со 8 јадра и 16 „тредови“. Овој процесор исто така ќе може да биде „засилен“ до 5 GHz, односно до 4,7 GHz на 6/8 јадра работа.

Повеќе информации ќе може да се прочитаат во периодот што следи, како што се ближи времето на претставување, а ќе може да се прочитаат и повеќе информации за тоа како овие нови процесори од Intel ќе конкурираат на AMD.

За подетални информации кои се моментално достапни, односно за тие кои се разбираат и навистина ги интересира оваа тема, може да се прочита на страната на Wccftech.

ИЗВОРWccftech
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНеофицијално видео од Pixel 3 XL ги потврдува досегашните информации за него
Следна статијаМаркез Браунли ги прикажува трите нови iPhone модели кои треба да бидат претставени во септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.